Запре потрагата: Работниците на мостот во Балтимор прогласени за мртви - сите се мигранти

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шестe лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се мртви, соопштија локалните власти. Се верува дека исчезнатите работници биле државјани на Мексико, Гватемала и Ел Салвадор.

Несреќата се случила вчера, откако колабираше еден од столбовите на мостот „Френсис Скот Ки“ по удар од огромен товарен брод.

Луѓето по кои се трагаше се работници кои работеле на санација на рутата во моментот на ударот, а паднале во водите од висина од 50 метри.

Две други лица се извлечени и спасени од водата, чија температура во моментот на падот била околу -1 степен.

Американските медиуми јавуваат дека товарниот брод „Дали“ под сингапурско знаме, кој удрил во мостот, бил вклучен во уште еден инцидент во пристаништето Антверпен во Белгија во 2016 година.

27.03.2024 - 08:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега