Заработиле вртоглави милиони на Јутјуб годинава- меѓу нив и мали деца

И покрај тоа што количината на реклами е намалена од почетокот на Ковид-19 пандемијата, овој општествен сектор брзо заздравува. Со тоа, и корисниците на Јутјуб повторно можат да заработуваат многу пари на нивните видеа.

Следат годинешните најголеми Јутјуб-sвезди, според „Форбс“, за периодот од 1 јуни 2019 година до 1 јуни 2020 година.

10. Џефри Стар

Јутјуб-канал за шминкање – совети и продажба на шминки. Заработка: 15 милиони американски долари. Вкупен број на прегледи (од јуни 2019 до јуни 2020 година): 600 милиони. Претплатници: 16,9 милиони.

9. Дејвид Добрик

Заработка: 15,5 милиони долари. Прегледи: 2,7 милијарди. Претплатници: 18 милиони.

8. Блипи (Стевин Џон)

Јутјуб-канал за деца. Заработка: 17 милиони долари. Прегледи: 8,2 милијарди. Претплатници: 27,4 милиони.

7. Настја (Анастасија Раѕинскаја)

Заработка: 18,5 милиони американски долари. Прегледи: 39 милијарди. Претплатници: 190,6 милиони.

6. Πpecтон Арсмент

Јутјуб-канал за видеоклипови од „Мајнкрафт“ и други видеогри. Заработка: 19 милиони долари. Прегледи: 3,3 милијарди. Претплатници: 33,4 милиони.

5. Марк Фишбакс – Маркплајер

Јутјуб-канал за видеоигри. Заработка: 19,5 милиони долари. Прегледи: 3,1 милијарди. Претплатници: 27,8 милиони.

4. Рет и Линк

Заработка: 20 милиони американски долари. Прегледи: 1,9 милијарди. Претплатници: 41,8 милиони.

3. Дуд Перфект

Заработка: 23 милиони долари. Прегледи: 2,77 милијарди. Претплатници: 57,5 ​​милиони.

2. Мистер ѕвер (Џими Доналдсон)

Заработка: 24 милиони американски долари. Прегледи: 3 милијарди. Претплатници: 47,8 милиони.

1. Рајан Каџи

Јутјуб-канал за практични „направи сам“ совети. Заработка: 29,5 милиони американски долари. Прегледи: 12,2 милијарди. Претплатници: 41,7 милиони.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.12.2020 - 12:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега