Зелен хуман град: Засадивме дрво за да не ви се гледа билбордот

 

Вчера на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледаше дека работници сечат дрва со цел поубаво да се гледа билборд во Кисела Вода.

Од Зелен хуман Град одлучија повторно да засадат дрва на истото место.

„Сечењето на белите дробови на Скопје не смее да се случи и природата не смее да трпи поради партиите! 

Затоа, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД излезе на терен на истото место каде што беше исечено дрвото, засади ново дрво, а старото исечено го потпревме назад врз билбордот. Сепак, поубаво е кога е зелено.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД нема да дозволи уништување на животната средина во Скопје!

- Гласај 119 - Драгана Велковска за советничка листа на ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД за Град Скопје

- Гласај 104 - Ана Петровска за градоначалничка на Град Скопје“, пишуваат од Зелен хуман град Скопје.

09.10.2021 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега