Зоолошка доби нови членови: За првпат во Скопје пристигнаа пингвини (ФОТО)

 

 

Пристигнаа пингвините во скопската Зоолошка Градина. Оттаму соопштија дека тие полека се адаптираат на својот нов дом. Веќе ја добиле првата вечера, а го оствариле и првиот контакт со своите нови негуватели.

-Периодот кој следува ќе бидат во карантин, за полесно да се приспособат на живеалиштето, а ние постојано ќе ве „частиме" со интересни фотографии и видеа се додека не дојде моментот да ги видите и во живо. Пингвинчињата ќе живеат во современо живеалиште правено по светски стандарди, со голем надворешен базен и внатрешен топол дел со затворен базен, велат од Зоолошката градина.

Конечно вечерва во Скопје Зоо пристигнаа и пингвините Тие пополека се адаптираат во својот нов дом и ја добија...

Posted by Skopje ZOO / Зоолошка градина Скопје on Wednesday, 16 December 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.12.2020 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега