20 пациенти починаа, 815 новозаразени денеска во Македонија

Нови 815 случаи на Ковид -19 од направени 2664 тестирања се регистрирани во изминатите 24 часа. Починати се 20 лица, а оздравени се 396 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

 

Од новозаразените, 329 се во Скопје, Куманово-37, Дебар-1, Штип-26, Прилеп-46, Тетово-51, Струга-28, Велес-24, Битола-52, Охрид-28, Кавадарци-31, Гостивар-36, Гевгелија-9, Струмица-20, Крива Паланка-12, Радовиш-12, Крушево-2, Кочани-9, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Македонски Брод-2, Пехчево –1, Берово-5, Валандово-5, Виница-1, Делчево-4, Кратово-1, Свети Николе-4, Кичево-6, Ресен-9, Неготино-19.

Институтот за јавно здравје регистрира 396 оздравени пациенти од: Скопје-79, Куманово-27, Дебар-1, Штип-21, Прилеп-34,  Тетово-29,  Велес-20, Битола-37, Кавадарци-15, Гостивар-32, Гевгелија-10, Струмица-12, Крива Паланка-5, Радовиш-8, Крушево-1, Кочани-14, Пробиштип-2, Пехчево-2, Берово-3, Валандово-4, Виница-4, Свети Николе-13, Кичево-14, Ресен-3 и Неготино-6.

Од починатите 20 лица, осум се од Скопје (76, 65, 84, 64, 71, 80, 51, 74г), еден од Штип (82г), двајца од Прилеп (68 и 72г), еден од Струга (78г), двајца од Велес (70 и 65г), еден од Битола (84г), еден од Кавадарци (68г), двајца пациенти од Гостивар (64 и 89г), еден од Струмица (63г) и еден пациент од Берово (77г). Од нив двајца пациенти се починати вон, останатите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77949, бројката на оздравени пациенти е 53345, на починати е 2274, а бројот на активни случаи изнесува 22330. Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 33643,  активни 11956

• Куманово 4448, активни 622

• Дебар 586, активни 171

• Штип 3177, активни 412

• Прилеп 3914, активни 880

• Тетово 4587, активни 1009

• Струга 1896, активни 440

• Велес 2595, активни 652

• Битола 2849, активни 829

• Охрид 2196, активни 651

• Кавадарци 1863, активни 635

• Гостивар 3220, активни 720

• Гевгелија 1035, активни 318 (70 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 176 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 2142, активни 623

• Крива Паланка 562, активни 133

• Радовиш 576, активни 142

• Крушево 154, активни 70

• Кочани 1511, активни 280

• Пробиштип 424, активни 63

• Демир Хисар 227, активни 47

• Македонски Брод 209, активни 36

• Пехчево 128, активни 21

• Берово 468, активни 96

• Валандово 274, активни 60

• Виница 426, активни 103

• Делчево 641, активни 289 (178 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 181, активни 26

• Свети Николе 1008, активни 162

• Кичево 1500, активни 329

• Ресен 592, активни 169

• Неготино 917, активни 386 (147 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2664 теста се преку: ИЈЗ-689, ЦЈЗ Скопје-79,  Авицена-215, Биотек-167, МАНУ -184,  Жан Митрев (Филип Втори)-162, Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –37, Судска медицина-3, ЦЈЗ Битола-66, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-64, Ремедика-29, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -830, УК Пулмологија со алергологија –4, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 379.229 тестирања на Ковид -19.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2020 - 20:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега