22- годишно момче ќе добие шанса за нов живот- Започна уште една трансплатација на бубрег од починат донор

Утрово започна трансплатација на бубрег од починат донор. 22- годишно момче ќе добие шанса за нов живот.

-Утрово во осум часот на Клиниката за урологија по раководство на др Сашо Дохчев, започна трансплантацијата на бубрег, откако доцна ноќеска беше направена експлатацијата од починат донор. Тимовите на др Сотир Ставридис и др Александар Трајановски  после полноќ завршија со експлантација на бубег и коскени ткива од 28 годишнен починат донор, чие семејство несебично се согласи да ги донира органите. Благодарение на нивната хуманост, утрово еден бубрег се трансплантира кај 22 годишно момче. Коскените ткива ќе бидат обработени и спремни за трансплантација во наредните денови, информираат од Министерство за здравство.

Оттаму велат дека се работи за донор со исклучително ретка крвна група за која има мал број на приматели на органи на Националната листа за трансплантација и за овие пациенти ова е единствена шанса за живот.

-Голема благодарност до медицинските тимови кои учествуваа во експлантацијата и до семејството на донорот  кои ни покажаа што значи хумано, велат од МЗ.

01.09.2021 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега