33-годишниот пациент кој почина од Ковид имал тешка пневмонија

33-годишниот пациент кој починал во Градската општа болница „8-ми Септември“ имал прекумерна телесна тежина, а вирусот направил тешка билатерална пневмонија, јавува А1он, повикувајќи се информација од Министерството за здравство,

Пациентот бил хоспитализиран на почетокот на овој месец. Се лекувал две недели, и од самата хоспитализација имал ниска сатурација. Цело време бил на неинванзивна механичка вентилација.

-Покрај сета друга терапија, пациентот примил и конвалесцентна плазма и озон, но и покрај сите напори на лекарите да му го спасат живото, тој вчеравечер починал, велат од Здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 18:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега