488 милиони евра се слеале кон македонските фирми по основ на поврат на ДДВ

Државата во текот на 2021 година извршила поврат на ДДВ кон стопанството за 22,8 % повеќе во однос на 2020 година и 20,8 % во соредба со 2019 година, информираат од Министерството за финансии.

„Кон фирмите во РС Македонија по основ на поврат на ДДВ во текот на 2021 година се слеани вкупно 30 милијарди денари или 488 милиони евра што е за 5,6 милијарди денари (91 милион евра) повеќе во споредба со претходната година. Дополнително кај компаниите во текот на 2021 година е извршено пребивање на ДДВ во износ од 1,2 милијарди денари со други даноци со што износот на поврат на ДДВ вкупно изнесува 31,2 милијарди денари“, се наведува во соопштението од ресорното министерство.

Во него се додава дека ова е значајна поддршка за компаниите особено во време на криза предизвикана од Ковид-19.

„Повратот во текот на 2021 година се вршеше тековно и навремено. Во таа насока придонес дава големиот процент на дигитализација на процесот, а дополнително влијание на ефикасноста на извршување на повратот на ДДВ, на што се работи во моментов, ќе даде тоа што тој процес целосно ќе се автоматизира.

Вршењето на повратот на ДДВ редовно и навремено кон комапниите во домашното стопанство има значење за нивната ликвидност и конкурентност“, нагласуваат од Министерството за финансии.

05.01.2022 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега