АА: Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање

Tоа што ВМРО размислува и зборува за уставни измени е добра работа за нив како политички субјект, но и за државата, велат од Алијанса за Албанците во реакција до медиумите.
Но, времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време, додаваат оттаму.
„Од друга страна, решението што го нуди овој политички субјект во однос на преамбулата е апсолутно непознавање на реалноста или намерно отстапување за изборни ефекти. Времето на доминација на еден етникум во Северна Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење.
Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ мора да ги надмине нивните изборни интереси и да се воздигне на должноста што им припаѓа, вклучително и подготвеноста на нејзиниот лидер јавно да се изрази, во отстранувањето на навредливата терминологија за јазикот на нивните сограѓани, во случајов албанскиот јазик“, стои во реакцијата на АА во врска со ставот на ВМРО-ДПМНЕ, споделен од портпаролката на партијата Марија Митева на денешната прес-конференција, а во врска со уставни измени.
02.04.2023 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега