АД ЕСМ со нови мерки за штедење: Намалени плати на директори, намалени јавни набавки и расходи

АД ЕСМ воведе нови мерки за штедење и ги прошири мерките кои ги донесе во декември 2021г, со цел намалување на трошоците во услови на енергетска криза, информираат надлежните оттаму.

„Со најновите мерки ревидирани се планот за јавни набавки, финансискиот план и програмата за инвестиции за 2022г.

• Годишен план за јавни набавки (ГПЈН)-намалување за 96 милиони евра (5.861.339.686 денари)

• Годишен финансов план-намалување расходи за 8,3 милиони евра (515.194.000 денари)

• Годишна инвестициска програма (ГИП)-намалување за 117 милиони евра(7.211. 301.293 денари)

Преземени се пошироки мерки за заштеди и преку намалување на издатоците за плати и надоместоци, почнувајќи од платите во Управниот одбор, односно намалени се платите на генералниот директор на АД ЕСМ, и на заменик генералниот директор, како и други издатоци на име месечни примања, кои ќе придонесат за намалување на трошоците во делот на платите“, се вели во соопштението на АД ЕСМ.

-Издадени се решенија за мерка принуден одмор до два месеци врз основа на доброволно пријавување на работниците, согласно Законот за работни односи, со исплата на 70% од платата, со што исто така ќе се остварат заштеди, информираат надлежните.

Потсетуваат дека од декември 2021г. намалени или целосно запрени се и сите други трошоци, односно спонзорство, репрезентации, службени патувања кои не се строго поврзани со производството на електрична енергија, сведена е на неопходниот минимум исплатата на прекувремени работни часови и друго.

Мерките се насочени кон намалување на непродуктивните трошоци и реализација на производниот процес со вложување што помалку материјални и човечки ресурси.

27.04.2022 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега