Адвокатот Пешевски: Пратеничката со коронавирус стори кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не и важи пратеничкиот имунитет

Адвокатот Драган Пешевски преку статус на Фејсбук денеска пишува дека пратеничката која денеска се појави во скафандер да гласа сторила кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не и важи пратеничкиот имунитет.

-Пратеничкава се пофали, глумеше кловн, ги спаси граѓаните со гласање за “најбитните закони in the history of Babylon”, но меѓу другото стори и кривично дело по член 206 од КЗ, а за истото не и важи пратеничкиот имунитет, па му испраќам глас на обвинителството, да си ја прибере надуенава на распит одма, затоа што овие предмети Обвинителството ги води како приоритетни предмети од итен каракте, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Пратеничкава се пофали, глумеше кловн, ги спаси граѓаните со гласање за "најбитните закони in the history of Babylon",...

Posted by Dragan Stari Pesevski on Sunday, 18 April 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.04.2021 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега