Ахмети и Заев ќе го менуваат државното знаме, а новата химна е при крај?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера во емисијата „Клан дебата“ откри дека со лидерот на СДСМ, Зоран Заев, активно преговара за промена на знамето и грбот на Македонија, а дека нова химна е само прашање на време кога ќе има, пренесе порталот Република.

– Се разговарало и за химната и за грбот и за знамето. Тоа се прашања за кои е потребен консензус, но ова повеќе ќе зависи од договорот помеѓу Македонците. Што се однесува на химната, разговарано е на таа тема и нема којзнае какво противење, па сега е повеќе прашање на време и мислам дека може да се разговара без резерва – изјави Ахмети.

Дали навистина се водат вакви преговори помеѓу двајцата коалициони партнери прашавме во партијата на Зоран Заев, но оттаму не ни дадоа никаков одговор.

Во истото гостување во Клан ТВ, Ахмети посочи и дека неговата партија планира да соработува со СДСМ на локално ниво во пресрет на изборите, зашто, како што вели, тоа е во интерес на двете партии.

– Соработувавме за да се избере скопскиот градоначалник и таа комуникација и соработка е многу добра. Актуелниот градоначалник на Град Скопје комуницираше и соработуваше со албанските општини и не правеше селективни политики – рече Ахмети.

Во поглед на ребрендирањето на ДУИ и зелената агенда, лидерот на оваа партија посочи дека големите сили изглегле со иста агенда, полагајќи многу внимание на животната средина.

 

22.06.2021 - 13:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега