Ахмети: Јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај - вакцинирајте се, не се двоумете

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска на својата официјална Фејсбук страница упати апел до сите граѓани за максимална вакцинација и изрази сочувство до семејствата на починатите од Ковид-19.

-Јас, заедно со моето семејство, сме вакцинирани од мај, како еден единствен начин за справување со смртоносниот вирус Ковид-19. Во текот на оваа година и половина, многумина од нас ги загубија своите сакани. Само во последните 24 часа од ковид-19 почина братот на пријателот Бекир Асани, заедно со неговата 33-годишна ќерка и братот на неговиот пријател Невзат Бејта, напиша Ахмети.

Претседателот на ДУИ изрази најдлабоко сочувство до сите членови на семејствата кои ги загубија животите од овој, како што напиша, подмолен вирус и апелирам за масовна вакцинација и почитување на мерките, дистанца, маска, хигиена.

-Ве молам за грижа и висока граѓанска одговорност, семејна и индивидуална свест, затоа вакцинирајте се и не двоумете се!, напиша Ахмети на Фејсбук. 

29.08.2021 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега