Ахмети: Се надевам на позитивен епилог и датум за преговори со ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети се надева дека во јуни Северна Македонија ќе добие датум за преговори со ЕУ.

Одговорајќи на новинарско прашање кој е планот Б ако не се добие датум во јуни, Ахмети денеска изјави дека тој не е од кампот на скептичните и оти се надева дека ова прашања ќе добие позитивен епилог.

– Има доволно активности, како од нашите пријатели од меѓународната заедница, но исто така мостовите на комуникација меѓу двете држави се функционални. Очекувам епилогот да биде позитивен, изјави Ахмети, при учеството на промоцијата на книгата „Арбрешите помеѓу реалноста и митот“  во Општина Чаир.

06.05.2022 - 12:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега