Ако сакате да го посетите Охрид, штедете од платата: Поскапеа и кафињата, и пиците

Сонцето и убавите плажи претходниот продолжен викенд ги привлекоа туристите да го посетат Охрид.

Полека, но сигурно се полнат угостителските објекти и хотелите.

Овој викенд повторно се очекува посетителите да ги уживаат убавините на Охридското езеро, но за таа цел потребни ви се поголеми финансиски средства.

Претходнот викенд скокнаа цените на кафињата и храната во угостителските објекти. Кафињата се поскапени за 10 до 20 денари, односно еспресото чини 120 денари, додека за нескафе ќе мора да издвоите 150/160 денари. И сокот е 140-160 денари. 

Цените на пиците низ локалите се движат над 300 денари. 

Поскапување има на паркинг услугите.

 

29.04.2022 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега