Али Ахмети од Гостивар: Европскиот фронт е апсолутен победник на изборите

Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска во Гостивар одржа прес-конференција на која го потпиша коалицискиот договор за Европскиот фронт со претседателот на Турската демократска партија, Бејџан Иљаз.

„Овој фронт нема да биде за еднократна употреба само за претседателски и локални избори, овој фронт ќе биде долготраен, затоа што интересите се заеднички, не можеме да ги разделиме луѓето кои живеат заедно, бидејќи се создадени како едно семејство“, кажа Ахмети.

Пред присутните Ахмети нагласи дека овој фронт нема да биде за еднократна употреба само за претседателски и локални избори, овој фронт ќе биде долготраен, затоа што интересите се заеднички, не можеме да ги разделиме луѓето кои живеат заедно, бидејќи се создадени како едно семејство.

27.03.2024 - 17:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега