Али Ахмети од Теарце: На 8 мај Фронтот победува и продолжува патот до полноправно членство во ЕУ

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, во рамки кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со жителите на Теарце. Ахмети пред симпатизерите истакна дека сега имаме две опции, опција за интеграција и опција за стоење на место.

 

На 8 мај се одлучува дали ќе одиме кон интеграција или ќе седнеме на фотелји за стоење на место и да го правиме тоа како она изрека на Ѓерѓ Фишта(знаменит албански писател) која вели: дали на мутесарифот фесот(капата) му е ќуп или дирек!? За оваа второто, нека престанат тие што размислуваат за лет во место и нека видат како мутесарифот дали фесот на мутесрифот е ќуп или дирек? Ние сме си се определиле дека иднината на нашата држава е Европската Унија, нема друга филозофија и теорија што може да го докаже спротивното. Не само што нема теорија и практика што може да ни го докаже спротивното, туку се уште се немаат родено мажишта во оваа земја кои можат да не убедат во спротивното, и ние сме си ја поставиле целта под мотото: Да за ЕВРОПА и НЕ за Русија! На крајот на краиштата, татковината на сите Европејци е Медитеранот, тоа е Балканот, тоа се и териториите каде што живеат Албанците. Европа  не може да биде  мирна без земјите на Западен Балкан, времето и историјата докажаа дека мирот, стабилноста и безбедноста се трајни кога триумфираат на широки пространства, во многу земји и држави, затоа е последен момент за ова мало парче Европа да биде дел од него. Многу европски личности ни потврдија дека ако го направивте очекуваниот чекор, менувајќи го Уставот во рок од четири години, вие ќе бидете членка на Европската унија. Јас гледам дека отпорот е голем, патриотски отпор од македонската опозиција, дека наводно се продаваат националните интереси и дека македонската нација е во опасност од асимилација и отуѓување. Зошто ја шират оваа застрашувачка порака до другите народи, зошто го доведуваат во прашање сопствениот национален идентитет, Македонецот е Македонец, Бугаринот е Бугарин, Албанецот е Албанец, а не да го менуваат крзното според годишните времиња, и доказ дека ништо нема да се случи, туку напротив, дека македонската заедница ќе се зајакне со вклучувањето на Бугарите во Уставот, е гаранција меѓународната заедница, од Европската унија, од САД, дека нема дополнителни барања од бугарска страна, ниту ќе има, затоа не го држите во заложништво членството на земјата во ЕУ како единствена алтернатива што можеме да ги спречиме луѓето да бараат посилни и подобри стандарди кон европските земји.

 

„Единствената алтернатива што ни овозможува да правиме програми за враќање на оние кои се во Европа, и кој е патриот и родољуб и ја сака оваа земја, мора да сфати дека денес е вистинскиот момент, историски момент нашата земја да оди напред и да не стои во место. Денеска е историскиот момент, ја градиме иднината на државата, ја зајакнуваме демократијата, мирот и стабилноста, НУЛА проблеми со соседите. Секој патриот без покритие, секоја провокација и навреда упатена кон Фронтот и конкретно кон Демократската унија за интеграција, кои како изговор ја користат ДУИ затоа што е антиалбанска политика, не е работа на ДУИ, туку е е антиалбанска политика, секое враќање назад е опасно за земјата, за стабилноста и за меѓуетничките односи. Одговорноста за стабилноста, за ред  и мир во оваа земја ја имаат двете најголеми заедници, Албанците и Македонците, затоа мора да бидеме внимателни и одговорни во она што го кажуваме, бидејќи кога се работи за храброст, не е добро да се мериме, помина времето на храброста, пушката по војната нема вредност, како што е безвреден и зборот после собрание“, изјави Али Ахмети во Теарца.

29.04.2024 - 22:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега