Алмакос: Уште еден руски дипломат е протеран од Македонија

Минатата среда повторно бил депортиран висок руски дипломат од Амбасадата на Руската Федерација во Македонија, објавува денеска порталот Алмакос, кој се повикува на извори во македонското Министерство за надворешни работи.

 

Порталот пишува дека станува збор за заменик военото аташе А. Шевченко, кој направил несоодветни дипломатски дејства со тоа што не ги почитувал дипломатските правила во Македонија.

 

Во мај годинава Македонија веќе протера еден руски дипломат кога еден од дипломатите во руската амбасада беше прогласен за непожелна личност.

Веднаш реагираше и официјална Москва со протерувањето на вработен во македонската амбасада во Русија.

16.08.2021 - 18:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега