Алтернатива: СМ да се дефинира како држава на македонската нација, албанската нација и другите етнички заедници

„Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, со уставните измени, да се промени и унитарниот модел на државата, според хрватскиот модел, така што преамбулата на уставот да биде во духот на зајакнување на македонската национална држава, иако доаѓа во време кога оваа партиjа мисли само на електорални придобивки, ние мислиме дека ако има такви предлози и подготвеност, ова отвара можност за сериозно отварање на нашата тема за редефинирање“, реагираат од Алтернатива во врска со предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени.

„Иако предлогот на македонската опозициска партија е ретрограден и како таков е неприфатлив за нас, сакаме да ја потсетиме јавноста дека, АлтернАтивА- гледајќи ја асиметријата што постои меѓу мултиетничкото општество и моноетничката држава – одамна предложи да се направи редефинирање на преамбулата на уставот, на начин што таа би одразувал општеството на нашата земја. Затоа, ние сме побарале, во услови на мир и без ниту еден притисок, да ја отвориме оваа тема и да дискутираме дали сме успеале да изградиме кохезивна држава помеѓу општеството и државата.

Гледајќи дека Северна Македонија има едно поголемо мнозинство (етничките македонци- 54%), второ мнозинство (албанците 30%) и група на малцинства (6-7%), нашиот предлог бил Северна Македонија да се дефинира како “„“.

За да биде креативна во оваа тема, АлтернАтива, има и друг предлог, тоа е Северна Македонија да се дефинира во својата премабула како “држава на нејзините граѓани“, остранувајќи ги сите етнички атрибути од градењето на државата. Кој модел треба да го прифатиме како држава, тоа треба да биде дел од дебатата и политичкиот консензус“, стои во реакцијата на Алтернатива.

„За АлтернАтивА оваа е тема која не треба да се употреби за електорални цели, додека ние сме подготвени и отворени да разговараме со аргументи и без предрасуди“, додаваат оттаму.

02.04.2023 - 17:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега