Американската помошник државната секретарка Донфрид во посета на Македонија

Помошник државната секретарка на САД за европски и евроазиски прашања Карен Донфрид денеска ќе ја посети Северна Македонија во рамки на која ќе оствари средба со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министерката за одбрана, Славјанка Петровскаи и со нејзиниот домаќин, министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите се очекува да бидат билатералните односи меѓу двете земји, евроинтеграциските перспективи на Северна Македонија, соработката во НАТО и актуелните состојби во земјава и регионот.
 
По средбата во МНР,  Донфрид и Османи ќе одржат заедничка прес-конференција.
 

Посетатата на Донфрид на Скопје е во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан. Како што соопшти Стејт департментот, Донфрид во Скопје ќе има средби со функционерите на земјава при што ќе изрази силна поддршка за преговорите на земјата за влез во ЕУ и ќе се заблагодари за помошта за Украина. Таа ќе ја повика Северна Македонија, како најнова членка на НАТО, да ја продолжат блиската соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања за промовирање на демократијата и регионалната стабилност.

Дел од турнејата на Донфрид на Западен Балкан се и Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија и Косово, од каде на 25 април ја започне посетата на регионот.

Донфрид доаѓа во Северна Македонија еден ден по посетата на Скопје на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кој на средбите со државниот врв во земјава порача дека се посветени да ги продолжат напорите за почеток на преговори со Северна Македонија пред завршувањето на француското претседателство со Европската Унија. Вархеји во Скопје дојде од Софија каде си замина со истата порака – прашањето за почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ да се реши до крајот на франуцското претседателство, во јуни. 

28.04.2022 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега