Андов: Заев дека џабе пак ќе оди во Бугарија

Поранешниот претседател на Собранието му порача на премиерот Зоран Заев и на Владата дека во овој момент не треба да оди во Бугарија.

„И да оди повторно во Софија, премиерот Заев реално нема со кого да разговара таму, бидејќи сите се преокупирани со изборите. Има време за посета. Ни Бучковски не треба сега да оди во Бугарија“ порача Стојан Андов

„Добро е премиерот да продолжи да остварува средби со високи функционери на ЕУ и со лидери на земји – членки, како што беше онаа со францускиот претседател Емануел Макрон, и да создава односи на разбирање. Умилкувања не помагаат, тие се надмината работа. Треба да се промовираат јасни пораки – да кажеме дека точно знаеме што сакаме, дека сме подготвени да работиме за да го оствариме тоа што го сакаме, и дека имаме црвени линии“, вели Андов за ДВ.

26.06.2021 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега