Ангелов: Ако СДСМ ме бара би се вратил како професионалец ама за плата од 5.000 евра

Актуелниот директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, би се вратил во коалиција со СДСМ доколку партијата победи на изборите, но, како што рече, за плата од 5 000 евра. Тој ова го изјави во синоќешното интервју за ТВ Клан Македонија прашан дали би ја напуштил коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, која ја најави пред некој ден, и би се вратил со СДСМ доколку победата на изборите им припадне на социјалдемократите.

„Да, ако ме бараат како професионалец, но за плата од 5 000 евра“, вели Ангелов на прашањето дали повторно би коалицирал со СДСМ.

Коментирајќи ја изјавата на техничкиот премиер Талат Џафери оти треба да биде разрешен од директорската позиција во ЦУК поради најавата дека ја напушта коалицијата со СДСМ, Ангелов вели оти го разбира Џафери бидејќи, како што оцени, се наоѓа во непријатна ситуација зашто претходно биле разрешени двајца министри од крилото на Арбен Таравари во Алијанса за Албанците.

 

28.03.2024 - 11:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега