Ангелов: Нема проблем што споменикот во Липково е кренат во чест на загинатите борци на УЧК

Во 20015/2016, во општина Чаир се изгради двоглав орел, имаше и тогаш жестока реторика. Ни боде очи, а оној споменик во Липково е далеку од очите за нас Македонците. Кај нас законот не се почитува на неколку нивоа и тоа неколку децении наназад. Тоа е наша слабост, вели Стојанче Ангелов, за ТВ24.

Тој посочува дека нема проблем што споменикот во Липково е кренат во чест на загинатите борци на УЧК.

-Мене не ме повредува кога мојот воен непријател ги чествува загинатите од неговите редови напротив тоа го очекувам ние да ги чествуваме нашите загинати, тие нивните загинати, вели Ангелов.

-Тие луѓе биле мои воени непријатели ние сме ги убивале. Луѓето се бореле за тоа во кое што веруваат, а јас сметам дека тоа за мене е погрешно, вели Ангелов додавајќи дека Албанците своите права би ги добиле и без воени дејствија.

-Се чуствувам како победник. Ние македонските сили во 2001 година воено победивме.Јас не верувам дека таа битка беше поради човековите права, кажа Ангелов.

05.05.2022 - 12:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега