Апасиев до Џафери: Не разбирам албански и ќе ви ги враќам материјалите ако се двојазични

Пратеникот од Левица, Димитар Апасиев, повикувајќи се на член 3 став 4 од Деловникот, на денешната собраниска седница му укажа на претседателот на Собранието Талат Џафери дека ќе ги враќа материјалите ако повторно им бидат доставени двојазично, бидејќи тоа е противуставно и противделовнички.

Џафери му порача дека еден век доцни во однос на перцепцијата и разбирањето.

– Ние како Левица овие материјали од денеска ќе ви ги враќаме. Ова на албански јас не го разбирам. Барам во иднина на службите да има кажете дека јас не сум пратеник кој зборува јазик различен од македонскиот, да ми доставуваат материјали исклучиво на македонски јазик – рече Апасиев.

15.07.2021 - 14:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега