„Apple“ лажел за водоотпорноста на „iPhone“ - казнет со 10 милиони евра

 

Италијанската антимонополска комисија казни две компании, „Apple International“ и „Apple Italia“, со 10 милиони евра поради неточни реклами за паметните телефони и неисполнување на обврските, кои се гарантираат со купување на нивниот мобилен телефон.

Имено, компанијата „Apple“ во рекламните пораки тврди дека нивните паметни телефони се отпорни на вода до длабочина од 4 метри и во траење од 30 минути. 

Но, контролата утврдила дека тоа не е точно и дека тврдењето на компанијата се однесува само на лабораториско мерење на паметните телефони на „Apple“. Всушност, во текот на лабораториските мерења се користи статична и чиста вода, што не одговара на реалниот живот. Исто така, следувала казна бидејќи компанијата одбила да им ја признае штетата на клиентите предизвикана откако паметниот телефон бил оштетен од вода или некоја друга течност, иако на тоа се обврзала со гаранција.

Според пишувањата на агенцијата „Agi“, најпродавани мобилни телефони во Италија се „Samsung“, при што 3 од 5 продадени телефони се од тој бренд, а на второ место е кинескиот „Xiaomi“.

„iPhone“ e на четвртото место, а годинава е забележан пад на продажбата во Италија за 10 проценти.

„Apple“ неодамна плати уште 113 милиони долари во аферата против забавување на телефоните и уште 502 милиони долари поради кражба на патенти, па со оваа тужба трошоците за казна изнесуваат 625 милиони долари, што не е малку ни за толку голема компанија како што е „Apple“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.11.2020 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега