Арсовска издаде налог: Сите јавни институции за 60 дена да постават пристапни рампи за лица со попречености

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска издаде писмен налог до сите јавни институции под надлежност на Градот да направат проценка и да постават пристапни рампи за лица со попречености.

Рокот за имплементација на оваа активност, како што соопшти Град Скопје, е 60 дена, а поставувањето на пристапните рампи е дел од Програмата на Градот за овозможување поголема пристапност за лицата со попреченост до институциите во градот.

– Градот Скопје започнува сеопфатна програма за остварување на еден од главните приоритети за остварување на правата од социјална заштита на лицата со попреченост, односно подобрување на квалитетот на секојдневното живеење и создавање услови за независен живот, се наведува во соопштението. 

02.12.2021 - 15:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега