Авионско прскање против комарци во Крива Паланка, Ранковце и Кратово

Првото авионско прскање за заштита од комарци на подрачјето на општините од крајниот североисток, Крива Паланка, Ранковце и Кратово, ќе се изврши задутре во раните утрински часови.

Од локалните самоуправи на овие општини информираат дека на 24 јуни во раните утрински часови, во периодот од пет часот наутро ќе се врши авионско прскање за заштита од комарци.

-Се известуваат пчеларите во времето на прскањето и три-четири часа подоцна да ги затворат кошниците со пчели поради можноста од влијание на средствата со кое се врши прскањето врз безбедноста на пчелните семејства, информираат од службата за комуникација со јавност на Општина Крива Паланка.

Спроведувањето  превентивна дезинсекција како значајна општа мерка за заштита на населението е согласно Програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година и Законот за заштита на населението од заразни болести.

Доколку временските услови не се соодветни, прскањето ќе се изврши наредниот ден.

22.06.2022 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега