Авионско прскање против комарци во Куманово

На подрачјето на општина Куманово утре, во раните утрински часови ќе се изврши авионско прскање против комарци, соопштија денеска од општината и ги повикаа пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе се одложи за нареден ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

-На 22.07.2022 година (петок), во период од 05:00 до 08:00 часот, на територијата на Куманово ќе се изврши авиозапрашување со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни. Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, информираа од општината.

Општината во средината на јули, избра економски оператор за авионско прскање против комарци. За авиотретирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци, одобрен од Биро за лекови, општината одвои 472.000 денари со вклучен данок на додадена вредност. На повикот кој беше објавен по вторпат, бидејќи првиот оглас беше поништен избрана е компанијата „Бониер“ ДООЕЛ Куманово.

Општина Куманово на почетокот од април, годинава избра на оператор за запрашување против инсекти, дезинсекција, дератизација против крлежи, лебарки и комарци, информираа од одделението за јавни набавки. Општината од буџетот одвои милион денари без вклучен данок на додадена вредност за вршење на оваа дејност.

21.07.2022 - 09:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега