Автобуси на ЈСП утре ќе има само до 9 часот, потоа вработените одат пред Град Скопје

Првиот автобус на ЈСП ќе биде во 4:30 часот, а последниот 9:00 часот. Автобусите ќе повлечат во базите во Автокоманда и Ѓорче Петров и нема да има јавен превоз. Вработените во ЈСП во 10:30 ќе одат пред Град Скопје, каде утре на седница Советот ќе расправа за субвенционирање на ЈСП со 11 милиони евра, пари кои треба да бидат искористени за исплата на декемвриската плата, која доцни, а која воедно е причина за штрајкот на вработените.

-Вработените во ЈСП имаат срце и душа да им излезат во пресрет на граѓаните на Скопје, на болните, децата., вработените да стигнат на своите работни места. Меѓутоа во 9:00 часот автобусите се повлекуваат во база. Во 10:30 часот вработените на ЈСП ќе бидат пред Советот на Град Скопје, каде што ќе се носи иодлуката за субвенционирање  на јавниот градски превоз и таму ќе бидат се додека не се донесе одлуката за субвенционирање, вели Миќо Стојановски, Синдикат на ЈСП.

Тој додава сека штом платите за декември ќе легнат на сметките на вработените во ЈСП веднаш влезат во автобусите и ќе сообраќаат низ улиците на Град Скопје.

21.01.2024 - 18:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега