Автомобил излета од патот и се преврте - тешко повреден скопјанец

 

Скопјанец се здобил со тешки телесни повреди откако неговиот автомобил излетал од коловозот и се превртел.

-Вчера во 14:45 часот на регионален пат Скопје-Тетово во атар на село Арнакија патничко моторно возило „Рено канго“ со скопски регистарски ознаки управувано од Х.Ј.(51) од село Буковиќ,скопско, излегло од коловоз и се превртело. По незгодата со возило на итна медицинска помош Х.Ј. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје - информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.06.2020 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега