Бектеши: Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцинација или прележан Ковид 19

Владата денеска донесе одлука дека за влез во угостителски објект, молови, казина, кладилници, спортски или културни настани, прослави, концерти или семинари ќе бидат потребни сертификати за вакцинација, негативен ПЦР тест или сесртификат за прележан ковид не постар од 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.

Оваа одлука на својот фејсбук профил ја потврди и министерот Крешник Бектеши кој апелираше до граѓаните да се вакцинираат.

-Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцинација или потврда за прележан вирус!
ВАКЦИНИРАЈ СЕ- напиша Бектеши.

17.08.2021 - 22:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега