Без струја дел од Карпош, а без вода дел од Центар

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје ги известува граѓаните дека поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:

– во периодот од 11.30 до 15.00 часот, дел од корисниците од ул. Хелсинки, бр. 58 (А и Б), 56 (А и Б), 54, 52, 50 и 48, ул. Нобелова, бр. 22, 24, 26, 19 (А и Б), 21 (А и Б), ул. Лондонска, бр. 1 (А и Б), 3, и Ресторан Две Капки ( Општина Карпош )

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, исто така  информира дека најавеното изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од од Ф-80 мм за ден 17.01.2024 год на ул.Дане Крапчев бр.19, се одложува за ден 18.01.2024 год. Активностите ќе започнат во 10:00 часот а со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Дане Крапчев, дел од ул. Дебарца и ул. Славка Недиќ. (Општина Центар)

18.01.2024 - 09:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега