„БГНЕС“: На Самоиловата тврдина ќе пишува дека Самоил бил бугарски цар

„Францускиот предлог“ треба да го реши спорот меѓу Бугарија и Македонија, а БГНЕС го објави билатералниот протокол.

„Пред свикување на Првата меѓувладина конференција, Скопје се обврза да ја усвои веќе усвоената формулација од заедничката историска комисија во врска со цар Самоил како бугарски цар, по што треба да ги промени натписите на спомениците и на Самоиловата тврдина во Охрид“, пишува „БГНЕС“.

Освен тоа, билатерланиот протокол предвидува дека треба да се смени текстот за цар Самоил во учебникот за седмо одделение.

Овој проткол досега не е потпишан и најверојатно ќе има дополнувања и појаснувања, пишува агенцијата.

22.06.2022 - 13:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега