Бислимовски: Цената на парното во Скопје ќе се зголеми за 14%

Цената на парното во Скопје ќе се зголеми за 14 отсто, информираше денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, додавајќи дека тоа е враќање на цената од 2018-та година.

Вели дека РКЕ толку можела да издејствува бидејќи не е фер трошокот да падне на грбот на граѓаните.

-РКЕ како и за цената на електричната енергија, така и за топлинската не може да прифати ценовни шокови, рече Бислимовски.

Појасни дека БЕГ доставиле барање за зголемување на цената од 190 отсто, но според Бислимовски, тоа само ќе ги влоши состојбите и во секторот за топлинска енергија и во секторот за природен гас.

Бислимовски вели дека ова не наш проблем, туку доаѓа од странство и поради тоа не треба да падне на товарот на граѓаните.

Побара од Град Скопје и општините да помогнат во надминување на проблемот.

31.12.2021 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега