Битиќи: Солидарноста и соработката клучни за создавање атрактивен регион што ќе привлекува нови инвестиции

Солидарноста и соработката се клучни елементи за создавање на атрактивен регион што ќе привлекува нови инвестиции, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи од Самитот на шефови на влади на Централно-европската иницијатива (ЦЕИ) што се одржа во Будва.

Битиќи се осврна и на пандемијата, нагласувајќи дека и покрај големите предизвици кои таа ги донесе, треба да се види и другата страна – создавањето нови можности.

-Верувам дека на сите земји од Западен Балкан ни се отвора сериозна можност да ја подобриме и поединечната конкурентност и конкурентноста на регионот, ако го фатиме моментот и процесот на реструктуирање на синџирите на вредности, се повеќе меѓународни компании да инвестираат во нашата земја, а домашните се повеќе да се вклучуваат во интернационалните синџири на набавки, рече Битиќи.

Тој информира дека на Самитот имало плодни дискусии. Станало збор за политичките односи, создавањето услови за побрз и одржлив економски развој, како и за справувањето со последиците од коронавирусот.

-На Самитот беше промовирана и поддржана Декларацијата на земјите од Западен Балкан со која се потврдија интенциите за подобрување на здравствените системи како најпогодени од корона кризата преку соработка, иновации и нивно усовршување, нагласи вицепремиерот.

Битиќи потсети дека земјава е членка на ЦЕИ од 1993 година

03.12.2021 - 16:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега