Бочварски нема информации дали ќе биде дел од реконструираната Влада

 Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски нема информации за  дали тој ќе биде дел од најавената реконструкција на Владата и дали ќе остане прв човек во државата за ресорот транспорт и врски. При денешниот увид во завршните градежни работи на обиколницата Штип-Запад, која е дел од експресниот пат Штип, Радовиш, Бочварски посочи дека останува посветен на работата и реализацијата на проектите.

-Останувам посветен максимално да направам се за да се решат сите овие отворени прашања коишто ги имаме во делот на инфраструктурата. За мене најважно е да ги дадам со сите мои капацитети и со сите мои можности и можностите на  Министерството и сите институции коишто ги раководи Министерството за транспорт и врски да направиме се во овој нареден период да сработиме што е можно повеќе, со цел да ги завршиме овие многу значајни проекти, пред притоа да паднат температурите и да не може да се работат градежните работи низ државата, така што правиме максимални координации и на терен и заедно со сите институции со цел да ги отклонуваме сите оние прашања коишто се отворен, вели Бочварски.

Посочи дека е  задоволен заради тоа што во целиот овој изминат период успеале и да го завршат  експресениот пат Штип-Радовиш, но и како што рече да го одглави се она кое што беше застанато на експресниот пат кон Прилеп, како и кон експресните патишта  Ранковце – Крива Паланка и кон Кочани.

-Сметам дека друго многу значајно прашање што е важно за државата е дека државата останува на овој вистинскиот правец, на правецот кон евроатланските интеграции и структури. Се очекува во наредниот период да продолжат разговорите за зголемување на парламентарното мнозинство со што секако дека ќе се отвори простор и за Владата да продолжи со уште посилна динамика и да се затворат сите оние отворени прашања коишто ги имаме, потенцираше Бочварски

17.11.2021 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега