Бочварски: Со Косово работиме на унапредување на регионалната инфраструктура

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  по средбата со неговијот косовски колега Арбан Абраши порача дека унапредувањето на регионалната поврзаност е од огромно значење за двете земји преку изградбa на автопатот од Скопје до Блаце, поврзување со гасоводот и изградба на зедничка железничка станицa.

На средбата во Приштина се разговараше за патното поврзување и изгрaдба на автопатот Скопје – Блаце. Министерот информираше дека е започната изградба на првата фаза во должина од два километри и дека во тек е проектирање за втората фаза до Скопје. Увери дека се работи интензивно за да се затвори ова прашaње и Скопје и Приштина да се поврзат со модерно патно решение, соопшти Министерството за транспорт.

Се отворило и прашањето за патно поврзување преку отворање на граничниот премин Стрезимир и можноста за автопатско решение од Тетово до Призрен. Двајцата министри се обврзале да ги забрзаат процедурите за отворање заеднички железнички премин Хан Елези, со цел поедноставување на постапките за транспорт на стока и патници преку една контролна точка. Министерот Бочверски на средбата го информирал косовскиот колега  за отпочнување на постапката за физибилити студија за интеконекциско поврзување на двете земји со гасоводот.

-Поврзување на главните градови е од огромен бенефит за нашите држави. Разговаравме за изградба на автопатот од наша страна од Скопје до Блаце. Изградбата веќе ја започнавме и поради фактот што имаме сериозна економска соработка, работиме на тоа што поскоро поврзување и изградба на оваа автопатска делница. Во однос на гасоводот, информирав дека преку Национални Енергетски Ресурси работиме на постапката за физибилити студија за интеконеконекциска врска со Косово.  Ова се значајни проекти кои даваат серизона шанса за економски раст и развој на нашите држави. На долг рок треба да размислуваме и за изградба на 400 киловолтен далновод од Скопје до Приштина. Треба да инвестираме со стабилна инфраструктура за да привлечеме домашни и странски инвеститори во индустриските зони, изјави Бочварски.

Со што побрзото надминување на ковид кризата, како што додал, ќе можеме што посериоозно да влеземе во поинтензивна економска соработка. Во наредниот период ќе разговараме за втора средба во Скопје, на која подетално ќе разговараме за сите проекти.

-Министрите се согласија дека регионалното поврзување е клучно за економскиот развој на двете земји и во таа насока Република Македонија и Република Косово ќе работат на интнзивирање на соседските односи и економската соработка, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.10.2020 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа