Богоев: Треба да си политички велемајстор за да се скараш со градоначалничка на која си ѝ дал поддршка

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев вечерва во „Click Plus“ на ТВ21 даде коментар за ситуацијата во Град Скопје.

ВМРО-ДПМНЕ не се во добри односи со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска која претходно ја поддржаа на изборите.

„Треба да сте политички велемајстор за да се скарате со градоначалничка на која претходно сте ѝ дале поддршка и сте дошле на власт. Тоа може да му успее само на Мицкоски. Шампионски потег, морам да признаам“, кажа Богоев.

10.11.2022 - 22:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега