Богоевски: Пред 5 години на поголемо знаме од она на Андреа група луѓе сакаа да наденат пратеници

Бурни реакции се споделуваат на социјалните мрежи по вчерашниот настан каде нашата евровизиска претставничка го фрли македонското знаме на земја. На својот Фејсбук профил реагираше и активистот Павле Богоевски.

- Дали Андреа требало да го фрли знамето?

Не.

Дали тимот требао да ја остави сама на подиум, без асистенција?

Исто така не.

Дали треба да и' ја уништиме кариерата поради ова?

ДЕФИНИТИВНО НЕ!

И дајте бре луѓе, како колектив да намалиме со овие уберморализирања и линчувања. Некој од страна да ги чита македонските социјални мрежи, ќе си помисли дека ние сме нација на светци и девици кои никогаш не направиле погрешен чекор во животот, а камо ли нешто што светата јавност би го сметала за 'неморално' или 'грешно'.

А сите ние знаеме колку само далеку е тоа од вистината.

Што знам, можеби баш затоа едвај чекаме да се случи нешто вакво, за да можеме на раат и до крај да си ги отвориме квази моралните, одамна запушени вентили и мирно да си заспиеме вечерта.

п.с. Како еден од многуте примери за ова ќе го спомнам тоа што дел од луѓето кои најкрволочно ја бранат 'светоста на македонското знаме' немаа никаков проблем, кога пред пет години една друга група луѓе сакаше да го употреби истото тоа знаме (додуша, поголемо од тоа на Андреа) за да надене пратеници на него. - пишува Богоевски на Фејсбук.

09.05.2022 - 15:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега