Боки 13 по пресудата за „Плацови на Водно“: Осудете ме мене уште една казна затвор, да го спасиме Камчев, греота е

И Бојан Јовановски-Боки 13 ја искоментира пресудата за „Плацови на Водно“, каде меѓу другите, беше обвинет и првостепено осуден, Јордан Орце Камчев, кој пак, беше поднесител на пријава за „Рекет“. Боки 13 се смее и вели: „Денешната пресуда, да не беше судска трагедија, навистина ќе беше прав театар комедија!!!“.

„Бит пазар е комшиски поврзан со Основен суд Скопје 1 и Обвинетелството на Русковска, но не само комшиски, туку и суштински, бидејки вакво апла пазарење, нема ни на Бит пазар, во смисла на изречените смешни казни од по 1-на година и условни казни… ( тоа е, кога ти е Русковска жирант и кога од нејзе чекаш гаранции, си добиваш 1 година која никогаш нема да ја лежиш )

Битно мене лупни ме 9 години, па пак лупни ме 9 години без ниеден доказ, на рекла-кажала со милион повреди на постапките и судот го обели лицето на правдата со мене ( жално и трагично )… а, бе како не ви е срам до толку да се брукате не ми е јасно???

Ееее, да ви предложам нешто, поради тоа што многу сакате мене да ме обвинувате и судите без докази и да ми изрекувате казни надвор од здрав разум, од ракав и омраза, дајте мене осудете ме на уште една казна затвор за сите криминали на Камчев во случајот Империја, за да го спасиме Камчев, греота е, па нели тоа е крајната цел на сите организирани структури на целиов циркуз ( случај Рекет за спас на Камчев ), мене осудете ме и за Империја, барем поштедете не од оваа брука и мизерија која ја вреѓа интелегенцијата на секој од нас…

Оној судијана претпоставувам дека фатил ларингит, поради предолгото читање на се она што сториле обвинетите, објаснувајќи ја таа финансиска шизофренија на Камчев, за на крајот, демек да ги казни… единствено на крајот фалеше да им се извини, заблагодари за вниманието и да им даде црвено велигденско јајце.

Велат дека судијава бил дете на Кацарска, примен како судија додека таа била претседател… јасно како бел ден!!!
За многу години Велики Четврток на сите верници, на крајот Господ ги суди сите овоземски неправди како оваа денешнава!“, напиша Јовановски на социјалната мрежа Фејсбук. 

21.04.2022 - 20:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега