Борисов: Гоце Делчев е бугарски револуционер и македонски војвода
Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја која е во основата на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година, напиша на Фејсбук премиерот во оставка на Бугарија Бојко Борисов по повод 118-годишнината од смртта на Делчев, јави дописникот на МИА од Софија.
– Денеска се одбележуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и Одриснко. Нека неговата жртва биде пример за нас …, час побрзо да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Вечен му спомен!, наведува Борисов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа