Борисов: Жртвата на Гоце Делчев да биде пример за Бугарија и Македонија

Бугарскиот премиер Бојко Борисов на денешното одбележување на 118-годишнината од смртта на Гоце Делчев рече дека тој е еден од најважните бугарски револуционери.

„Денес се навршуваат 118 години од трагичната смрт на големиот бугарски револуционер и македонски војвода Гоце Делчев, кој го даде својот живот за слободата и автономијата на Македонија и регионот на Едрене“, напиша премиерот во оставка Бојко Борисов, на „Фејсбук“.

Тој додаде дека Делчев бил водач и идеолог на бугарските македонско-одрински револуционерни комитети, подоцна позната како Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација. Национален херој во Бугарија и Република Северна Македонија, порача Борисов.

„Гоце Делчев е еден од најсилните симболи на нашата заедничка историја со Република Северна Македонија, заедничка историја што е во основата на договорот за пријателство, добрососедство и соработка од 2017 година. Нека неговата жртва биде пример за тоа како набргу да го најдеме вистинскиот пат кон нашата заедничка европска иднина. Неговиот вечен спомен!“, истакна бугарскиот премиер Борисов.

Днес се навършват 118 години от трагичната гибел на големия български революционер и македонски войвода Гоце Делчев, дал...

Posted by Boyko Borissov on Tuesday, 4 May 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.05.2021 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега