Босанците во паника - ги стресе нов земјотрес

Сараево го погоди нов земјотрес, пренесува EMSC.

Како што забележува тој портал, главниот град на Босна и Херцеговина бил погоден од земјотрес со јачина од 2,9 степени според Рихтеровата скала во 18 часот и 4 минути.

Да потсетиме, утрово во 9 часот и 20 минути е регистриран земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтеровата скала во Сараево.

Нема пријавено материјална штета, но се работи за ненадеен удар според информациите на Центарот за цивилна заштита на кантонот Сараево дека е забележана само блага паника на деца во училиштето, но сите училишта имаат план и програма според која се управувани во такви случаи.

19.02.2024 - 19:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега