Босфор затворен, се насука украински брод


Теснината Босфор, која го поврзува Црното со Средоземното Море, е затворена за бродови откога денеска таму се насука товарен брод од Украина, соопштија турските власти за ДПА.

Бродот „Алексис“ превезува прехранбени производи од Украина до Египет. Дефект на моторот се случил во близина на излезот од пловниот пат, изјави портпаролот на Управата за безбедност на крајбрежјето за дпа.

Спасувачките напори се веќе во тек, додаде изворот. Босфорот служи како излез за украинското жито на светските пазари во екот на руската инвазија. Речиси 40.000 брода поминале низ Босфорот во 2023 година, според турското Министерство за транспорт.

07.05.2024 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега