Бучковски доби нов мандат како специјален претставник на Владата за Бугарија

На универзитетскиот професор Владо Бучковски му е продолжен мандатот како специјален претставник на македонската Влада за Бугарија.

На денешната седница, ден пред истекот на мандатот на Бучковски, Владата донесе одлука тој повторно да биде именуван на оваа позиција.

-На предлог на Комисијата за именување, на денешната седница, проф. д-р Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на Владата на Република Северна Македонија за Република Бугарија, со што практично му е продолжен мандатот кој истекува на 1 декември 2021 година, информираа од прес-службата на Владата.

Лани на 1 декември, Владата го именува Бучковски за специјален претставник за Бугарија, со мандат од една година.

Тогаш од Владата соопштија дека ова именување на поранешниот премиер за специјален претставник во Софија е со цел да се заокружи со успех процесот на решавање на отворените прашања со Бугарија и да се создаде атмосфера за реализација на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и добрососедство.

 

30.11.2021 - 20:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега