Бучковски: Постизборната криза во Бугарија е најлошото сценарио за Македонија

Специјалниот пратненик на Македонија во Софија, Владо Бучковски смета дека постизборната политичка криза во Бугарија е најлошото сценарио кое можеше да ѝ се случи на Македонија.

-Ние собиравме сили, направивме сѐ и повеќе од тоа што можевме да го направиме затоа што одмолчавме многу провокации за време на изборната кампања во Бугарија за да не го нарушиме процесот, да не ја нарушиме довербата која макотрпно ја градевме и очекувавме дека по изборите многу брзо ќе се вратиме на преговори, ќе имаме од другата страна со нов, полн легитимитет соговорник во новата бугарска влада и ќе ги затвориме отворените прашања кои веќе и пошироката јавност ги знае кај нас. Од бугарска страна беа четири барања, ние кажавме дека за идентитетските прашања не разговараме и беше јасно дека сме блиску, но сепак далеку од договорот заради тоа што беше нарушена довербата. Ние се обидовме пред се максимално координирани – владата, пред се МНР, поддршка на претседателот Пендаровски да направиме еден план како ќе настапиме по изборите, рече Бучковски во гостувањето во Дневникот на Сител.

Појасни дека Македонија е подготвена, но од другата страна нема соговорник.

-Се согласувам со изјавите денеска што ги слушав со претставници на Владата – и Димитров и Шекеринска даваа изјави. Ние реално во овој момент можеме да правиме многу, но, за жал, мора да сочекаме како сега ЕУ внатре во својот сојуз во ваква новонастаната околност ќе реагира имајќи во предвид дека Португалците иако тивки беа многу амбициозни. Ветуваа дека ќе направат уште еден обид дека на јунскиот самит ќе се обидат ако завршат работите во Албанија – завршија успешно изборите горе-долу и покрај незадоволството на опозицијата гледаме дека имаше кристално чист изборен процес во Албанија, рече Бучковски.

Според него, сега останува дилемата дали е возможно во следните неколку недели да дојде до формирање влада во Бугарија.

- Мора да констатираме денес, иако сега ја видов последната вест – третиот мандат на 5 мај ќе го даде претседателот Радев на третопласираната партија. Реално невозможно е тоа да се случи. Значи, ќе имаме техничка влада. Најдоцна на 12 мај, може и веднаш да го вратат мандатот од БСП како што го направи тоа Славеј Трифунов и неговата партија и уште на 6 мај да имаме датум за предвремени избори во Бугарија кои треба да бидат најдоцна за 60 дена. Тоа значи од 6 јули до 20 јули ќе има предвремени нови избори во Бугарија и ние во овој вакуум период реално не можеме ние да направиме повеќе од тоа што сега го правиме. Овие активности, нашиот МНР испраќа писмо, нашиот претседател беше пречекан на највисоко ниво во Брисел, рече тој.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

29.04.2021 - 20:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега