Буџетот за 2021 ќе биде разгледан на денешната седница на Владата

Предлог-буџетот за 2021 година, како и Предлог-законот за извршување на буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година по скратена постапка ќе бидат разгледани на редовната 19. седница на Владата  најавена за вечер во 18 часот преку видеоконференциска интернет комункација.

Како што се наведува во соопштението од владината прес-служба, на предлог на Министерството за образование и наука, на дневен ред се и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард и Предлог-законот за дополнување на Законот за студентскиот стандард.

На седницата Владата ќе ја разгледа и Информацијата за заштита и унапредување на работничките права преку колективен договор на овластените службени лица во шумската полиција.

За заклучоците и одлуките од седницата, Владата ќе информира преку соопштение.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.11.2020 - 16:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега