Бугарските истражители: Познати причините за пожарот во автобусот во кој загинаа 45 луѓе

Познати се причините за пожарот во автобусот што се запали на автопатот „Струма“ во Бугарија. Ова го соопштија обвинителот Бисер Михајлов и истражителот Мариан Маринов, кои работат на расветлување на трагедијата, за време на нивното гостување во емисијата „Лице в лице“ на бугарската телевизија БТВ.

Маринов не сакаше да ја открие причината за пожарот и рече дека тоа ќе им остави на експертите, кои веќе вчера повторно извршиле голема проверка на автобусот. Тој додаде дека големо парче од заштитната ограда навлегло во автобусот во пределот на предната гума до предната врата, а резервоарот, кој бил пластичен, е целосно уништен.

Истражителот додаде дека автобусот бил стар и бил на ремонт во Турција и дека целата опрема му е заменета и оти допрва треба да се разјасни дали новата опрема е фабричка или не е.

„Теориите на заговор, кои кружат во јавноста, се неточни“, рече Михаилов.

Во автобусот немало експлозив, категоричен е Михаилов, а се осврнува на примероците и брисовите направени од остатоците од автобусот.

Нема докази за канти со бензин, а теориите за шверц на материјали за дрога се смешни, што не заслужуваат коментар, рече обвинителот.

 
02.12.2021 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега