Бугарско МНР: Неразумно е да се очекува нашите позиции да се променат

Би било неразумно да очекуваме дека бугарската позиција ќе се промени во наредните месеци, велат од бугарското МНР за „Труд.бг“.

Според бугарското МНР,  во претстојниот период, Бугарија ќе продолжи со своите напори да им ги објасни на партнерите бугарските проблеми во врска со Македонија.

– Очекуваме реален пристап на солидарност и разбирање од следното претседателство, велат од велат од бугарското МНР.

Оттаму додаваат и дека  сегашната позиција на Бугарија има основа во натпартискиот консензус и наследниците на бегалците од Вардарска Македонија.

– Оваа позиција е предмет на надпартиски консензус и 84 отсто јавна поддршка. Да не заборавиме колку бугарски граѓани се наследници на бегалци од Вардарска Македонија. Според Министерството за правда, 88.450 граѓани на Република Северна Македонија, исто така, имаат бугарско државјанство. Ниту една бугарска влада не може да ги предаде овие луѓ – велат од бугарското МНР.

Оттаму сметаат дека евентуално потпишување на анекс на договорот за добрососедство само по себе нема да ги реши отворените прашања со СРМ.

– Веќе постои Договор за добрососедство кој во 2017 година е ратификуван од обете страни и доставен до ООН, што Македонија не го спроведува. Ништо не дава причина да веруваме дека друг потпишан документ ќе ја промени оваа практика на неисполнување на меѓународните обврски – велат од тамошното МНР.

Бугарското МНР  тврди дека интересот на Бугарија не е да го одложи процесот на пристапување на Македонија во ЕУ, туку конечно да се решат отворените прашања во односите и успешно да се продолжи со процесот на интеграција на сите земји од Западен Балкан.

-Токму поради оваа причина, Бугарија инсистира на вклучување на специфични, следливи и обврзувачки услови за ова во рамката за преговори за Република Северна Македонија велат од бугарското МНР.

Понатаму се додава дека со одложувањето на усвојувањето на преговарачката рамка, Бугарија ги бранела својот национален интерес и националната позиција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2020 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега