Царовска: Додека учениците ги менуваат училниците, ќе се врши дезинфекција

Министерката за образование Мила Царовска, за ТВ21 зборуваше како ќе се одвива почетокот на наставата со физичко присуство. Таа апелираше на почитување на протоколите, а кажа дека ќе се врши дезинфекција на клупите додека учениците ги менуваат училниците.

„Додека учениците ги менуваат учелниците, се дезинфецираат клупите, изложени на допирање. На крајот од смената се врши целосна дезинфекција. Во текот на одморот има поголема пауза каде што се врши целосна дезинфекција. Експерти од МОН ги спроведуваат овие протоколи, и сега обврска е да се почитуваат. Предизвици ќе има, но подготвени сме да се справуваме“, рече Царовска.

 

31.08.2021 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега